Со доделувањето на фестивалското Гран При, наградата „Златко Славенски“ за видео мапинг-от на фасадата на МЦМ зградата, заврши второто издание на фестивалот на светлината Skopje Light Art District. За победници на видео мапинг натпреварот беа прогласени французите Џереми Ури и Милош Лисински со делата PRISM, односно A-Phian A-PHIAN.
Наградата ја додели Искра Ветерова, сопруга на покојниот режисер Златко Славенски, а во име на победниците, ја прими Бранко Чобанов, аташе за култура и помошник на директорот во Францускиот Културен Центар во Скопје.
Од 29-ти мај до 1-ви јуни, 26 светлосни уметници, музичари и театарски групи со најразлични светлосни инсталации и перформанси во Старата чаршија, на кејот на Вардар и во Градскиот Парк, го осветлија и обоија центарот на Скопје во многу бои.
Фестивалот на светлината Skopje Light Art District е проект на ЈУ Универзална Сала – Скопје, со поддршка од Град Скопје и РОЦК проектот, дел од Хоризонт 2020 програмата на ЕУ за истражување и иновации.