ВИДЕО: Следете ја зелената патека, почнува Skopje Light Art District

Од:

Од Камениот мост, преку зградата на МЦМ до Градскиот парк – вечер, во 20:30 часот, почнува третото издание на Mеѓународниот фестивал на светлосната уметност, Skopje Light Art District. Фестивалот ќе трае до 22 август, ќе се одвива по однапред утврдена рута и за посетителите ќе понуди многубројни светлосни инсталации кои ќе ги оживеат објектите во центарот на градот.

Skopje Light Art District 2020

Вечер во 20:30, започнува третото издание на Skopje Light Art District.Бидете и вие дел од најсветлата приказна во градот.#SkopjeLightArtDistrict

Posted by Skopje Light Art District on Вторник, 18 август 2020

– Третото издание на фестивалот на светлината претставува симболичен мост, живописна врска што ги обединува уметноста, технологијата и науката, минатото со сегашноста и иднината, градот и природата, користејќи го јазикот на светлината. Фестивалот годинава ќе испрати пораки за заштита на животната средина – преку одговорни одлуки и начин на живот да се заштити природата и нејзините богатства, соопшти Град Скопје.

Оттаму посочија дека за полесна комуникација, запознавање со уметниците и нивните дела, како и утврдената мапа за движење, Skopje Light Art District создаде и Андроид апликација која посетителите ќе можат да ја симнат на своите мобилни телефони и да ја користат за време на фестивалот.

Mеѓународниот фестивал на светлосната уметност е во организација на Универзална Сала и Град Скопје, со поддршка на Делегацијата на Европската унија и Францускиот институт во Скопје.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Започнува четвртото издание на меѓународниот Фестивал на светлината Skopje Light Art District

Ана Ололовска

Четврто издание на фестивалот на светлината „Skopje Light Art District“

Ана Ололовска

Заврши уште едно успешно издание на „Skopje Light Art District“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ај Кју и Тони Зен ја оживеаја безвременската „Песна за Скопје (Градот Убав)“

Ана Ололовска

Проекцијата LUX NATURAE за старт на третото издание на Skopje Light Art District

Ана Ололовска

Трето издание на „Skopje light art district“

Ана Ололовска