Заврши интернационалниот етнографски филмски фестивал „Илинденски денови“

Од:

– Со проекција на македонскиот етнографски филм „Приказна за Русалиите“ од авторот Силвестер Проле, во Битола заврши јубилејното петто издание на интернационалниот етнографски филмски фестивал (ИЕФФ) „Илинденски денови“.

Годинава на адреса на организаторот пристигнаа над 1.800 документарни филмови, а селекторот Тони Гламчевски за проекција избра 42 етнографски филмови.

-Оваа година ИЕФФ имаше програма што нуди перспектива и што ги менува перспективите. Во овие турболентни времиња, фестивалот создаде простор каде што слободата на создавање, слободата за размислување и слободата на изразување, цврсто се негуваат и бранат преку богатството на филмовите што ги презентира, но и преку дискусиите што ги поттикнаа филмовите- истакна Гламчевски.

Интернационалниот етнографски филмски фестивал „Илинденски денови“ се одржа со поддршка на Агенцијата за филм, а проекциите се реализираа во кино „Манаки“ на КИЦ Битола и киното на НУ Центар за култура Битола.

Би можело да ве интересира

Филмот „Сите го викаат Реџо“ ја доби наградата за најдобра режија на Меѓународниот фестивал во Тирана

А1он

Легендарниот германски актер и режисер Брајан Мајклс добитник на наградата за животно дело Актер на Европа 2025 на Интернационалниот театарски фестивал во Преспа