Заврши фестивалот „ПРО-За Балкан“

Од:

Со доделувањето на наградата на хрватската писателка Даша Дрндиќ, се затвори гoдинашново издание на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“.

На добитничката на книжевната награда голме впечаток и’ оставил Бит пазар – Во овие три дена се создаде една семејна атмосфера. Запознав интересни луѓе, го видов Бит Пазар, го вдишав овој македонски воздух и ја видов оваа Македонија која не знам кому не му е на срце.

Ви благодарам уште еднаш за наградата, за дружењето, за се., рече Дрндиќ, додавајќи оти се надева дека фестивалот ќе расте од година во година. Турскот писател Марио Леви смета дека писателите на Балканот имаат слични проблеми.

– Првото нешто кое сакам да го истакнам е дека со оглед на тоа што доаѓам од Турција мислам оти сите ние на Балканот имаме многу заеднички нешта. Тоа досега го знаев само теоретски, но ете сега се уверив и практично. Запознав многу писатели од Балканот и во разговорите со нив сфатив дека имаме многу заеднички проблеми, чувства, желби и тоа е она што многу ми се допадна. Сум одел на многу различни фестивали низ Европа, но прв пат се чувствувам како дома, рече Леви.

Култниот српски режисер, но и писател и ликовен уметник Слободан Шијан вели дека се важни средбите на авторите од регионот – За мене ова е големо искуство, а истото мислам дека е особено важно за писателите кои немаат многу лесен пристап до издавачите, но и за локалните издавачи кои на овој начин добиваат можност за презентирање на своите соработници”, рече Шијан.

На фестивалот дојде и литературниот скаут Ен Луис Фишер која вели дека ќе побара книги на македонски автори преведени на англиски за да ги прочита и евентуално препорача за издавање.

Сузан Кертис Којаковиќ, која е најголем издавач на балканска литература во Лондон, имала состаноци со македонски издавачи и стекнала впечаток дека издаваштвото е семеен бизнис во земјава -Беше убаво претставување на издавачката сцена овде во Македонија. Имавме многу состаноци со најдобрите издавачи овде, импресионирана сум од тоа што многу издавачки куќи всушност се семејни бизниси.

Тоа е убаво, убаво е чувството да се види тоа, и забележав дека се полни со ентузијазам кога е литературата во прашање. Сега имам доста материјал и контакти кои мислам дека ќе бидат искористени. Убаво е кога имаш можност да се сретнеш лице в лице со издавачите и писателите, од секоја таква средба се раѓа можност за убава соработка”, вели Кертис-Којаковиќ.

Би можело да ве интересира

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Македонска филхармонија гостува во Дубровник

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Победничката на UpBeat – Best New Talent Award на фестивалот Звукот на Скопје

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ