ФОТО: Заврши 12. издание на фестивалот за современи уметности АКТО во Битола

Од:

Со настапите на бендот Ланд, ДЈ Соња Исмаил и ДЈ Вера Умка, синоќа во Битола заврши 12. издание на фестивалот за современи уметности АКТО.

Во фокусот на ова издание беше иницијативата за ревитализирање на Офицерскиот дом како културен белег на градот Битола, а за таа цел во рамки на АКТО се одржа дебата на тема „Каков Офицерски ни треба?“ на која освен експерти од областа на културата и културното наследство, учествуваше и министерот за култура Роберт Алаѓозовски, како и пратеници од Собранието на Република Македонија.

Покрај дебатата како централен настан на фестивалот, АКТО и оваа година понуди разновидна програма на повеќе локации низ Битола, работилница за грамофони и ликовна работилница на тема „Децата за Офицерски“, изложба на квир фотографии и изложба на постери на тема „Футуристичките споменици од старата Југославија“ на авторот Зоран Кардула, настапи на македонски алтернативни бендови и диџеи, перформанс со актерот Здравко Стојмиров.

Фестивалот на современи уметности АКТО го организираше Здружението за уметност и култура ФРУ – Факултет за работи што не се учат од Битола/Скопје.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка во Битола, тешко повреден 52-годишен маж

Во Битола отворена изложба за Светскиот ден за едукација за заштита на животната средина

А1он

Два дена по ред Битола е најзагаден град во Македонија

Утринава најстудено во Битола -4 степени, најмногу снег на Попова Шапка

Инцидент во детска градинка во Битола

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски