Започнува Меѓународниот Тамбурашки фестивал

Од:

На Градскиот плоштад во Куманово, утре од 20:30 часот ќе започне деветиот Меѓународен Тамбурашки фестивал.

На отворањето е предвидено да настапат То Зоруле од Нови Сад и групата Деспина од Битола.

Втората вечер е закажат концерт на фолк пејачот Нино Величковски, по повод 30-годишна кариера. Гости на концертот се и Кумановски тамбураши, То Зоруле, Окетет Куманово, Боеми, Сашко Коцев, Перо Христов, Виолета Томовска и Маргица Антевска.

Деветиот Меѓународен тамбурашки фестивал ќе го затворат Звуци со Рибници, од Подгорица, Здравко Ѓурановиќ и пријателите, со оркестарот на Дејан Илиќ.

Организатор на фестивалот како и претходните години е Фондацијата за култура и спорт, при Општина Куманово.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање