Започна 32-то издание на Малиот битолски монмартр

Од:

Синоќа во срцето на Битола, во старата чаршија, пред седиштето на Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“ и официјално започна 32-от Мал битолски момартр.

Годинава, од вкупно 539 училишта од 30 земји од светот, на објавениот конкурс пристигнале повеќе од 16 000 творби од кои ќе бидат изложени 1148.

„Навистина беше тешко да се одберат кои се тие најквалитетни шти треба да ги репрезентираат своите држави. Навистина ми е жал што не добиваме повеќе средства за да можеме да направиме поголем простор за повеќе дела. Седум години ние сме изолирани од општината, од советниците и од оние најповиканите и годинава истата слика се случи. Сепак, и годинава вратите се отворени за љубителите на оваа манифестација“, вели Коста Хаџиантоновски од Малиот битолски монмартр.

На свеченото отворање беа доделени плакети и награди на учесниците од Русија, Кина, Србија, Турција, Египет, Македонија…

Коста Хаџиантоновски потенцираше дека е среќен што меѓу нив има учесници што се присутни речиси на секое издание на Монмартрот и дека секоја година има сè поголем број на учесници, но и на туристи, кои доаѓаат специјално овие денови само за да го посетат Малиот битолски монмартр. Гран- при наградата годинава беше доделена на учесниците од Романија.

Во рамките на Малиот битолски монмартр ќе се одржи и ликовен караван во Охрид и во Крушево.

[nggallery id=191]

Би можело да ве интересира

Сообраќајка во Битола, тешко повреден 52-годишен маж

Во Битола отворена изложба за Светскиот ден за едукација за заштита на животната средина

А1он

Два дена по ред Битола е најзагаден град во Македонија

Утринава најстудено во Битола -4 степени, најмногу снег на Попова Шапка

Инцидент во детска градинка во Битола

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски