Со претставата „Хеда Габлер“ на Народниот театар од Битола, синоќа во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица започна 21-то издание на Фестивалот за камерен театар „Ристо Шишков 2013“.
Поздравен говор до гостите и учеснииците на фестивалот упати градоначалникот на Струмица Зоран Заев, кој истакна дека овој е единствен фестивал посветен на актерот и на глумците им посака успешно одигрување на ролјите.
На годинашниов фестивал ќе бидат прикажани 15 претстави во кои 50 актери ќе се натпреваруваат за престижната награда – медалјон со ликот на актерот Ристо Шишков.
Како што истакна уметничкиот директор на фестивалот Ванчо Ристов, годинава струмичката публика ќе може да види претстави од македонските и од театрите во Бугарија, Грција, Словенија, Србија, Русија, Романија и Косово.
– Годинава првпат воведуваме претстава во 24 часот со која ја покануваме и младата публика да проследи дел од театарските претстави. Исто така во рамките на фестивалот првпат ги поканивме директорите и организаторите на останатите фестивали за камерен театар и на заеднички семинар ќе размениме мислење за местото на камерниот театар, монодрамата и актерот во современието, изјави Ристов.
Во рамките на 21-то издание на ФКТ „Ристо Шишков“ ќе се одржат и три промоции на дела од театарскиот живот.