Заменик-министерот Лазовски на отворање на „Матера – Европски град на културата 2019“

Од:

Заменик-министерот за култура Владимир Лазовски од 18 до 21 јануари присуствува на церемонијата на отворање на Европскиот град на културата за 2019 година во Матера – град во јужна Италија. Целогодишната програма ќе се одвива под мотото „Отвори иднина“.

Во рамките на програмата „Матера – Европски град на културата 2019“, од Македонија ќе биде реализиран проектот „Поетика на срамот“. Премиерата ќе биде на 9 март, а ќе има уште една изведба на 11 март во Лече, објави Министерството за култура.

Историскиот центар „Саси“ и паркот на Рупестарските цркви во Матера се културно наследство заштитено од УНЕСКО, што на градот Матера драстично му го зголеми бројот на туристите. Матера е познат како подземен град поради големиот број куќи изделкани од сив камен, наредени една врз друга со ровови што претставуваат улици.

Титулата „Европска престолнина на културата“ во 2019 година Матера ја дели со бугарскиот град Пловдив.

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ