Заев на ФБ: Убаво е чувството кога со европски фондови се заштитува културното наследство

Од:

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил ја поздрави реализацијата на прекуграничен проект кој вклучува реконструкција на старо училиште во Пустец во туристички музеј и реконструкција на инфраструктурата во археолошкиот локалитет Хераклеа во Битола.

Убаво е чувството кога со европски фондови се реализираат ветувањата дадени на Македонците од Пустец. Заштитата на…

Posted by Zoran Zaev on Четврток, 15 октомври 2020

– Убаво е чувството кога со европски фондови се реализираат ветувањата дадени на Македонците од Пустец. Заштитата на културното наследство е важно за сите Македонци и сите наши граѓани, каде и да сме. Им благодарам на мојот пријател Еди Рама, на албанската Влада, на Општина Пустец и Општина Битола, на Завод и музеј Битола, на регионалниот директорат за култура од Корча, на Младинскиот културен центар од Битола и на Европската Унија што со прекуграничен проект обезбедуваат реконструкција на старото училиште во село Глобочани, Пустец и неговата трансформација во туристички музеј, напиша утрово Заев на Фејсбук.

Проектот вклучува и реконструкција на пристапната улица т.н. „Римски пат“, вклучително и пешачка патека, до археолошкиот локалитет Хераклеа.

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ