„Заборавени вредности“ – фестивал на турската култура и традиција во Гостивар

Од:

На градскиот плоштад во Гостивар синоќа беше отворен 4. Меѓународен фестивал „Заборавени вредности“, На триесетина штандови поставени на плоштадот гостиварци два дена ќе можат да видат како се изработуваат предмети од дувано стакло, калиграфија, сликање на порцелан, правење кондиторски производи и многу други стари занаети.

Фестивалот го отворија гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари и градоначалникот на општина Картепе од Турција, Хусеин Узулмез.

Посакувајќи им добредојде на гостите од Турција, градоначалникот Таравари во обраќањето нагласи дека негувањето на соживотот е значајна придобвика.

– Понудата да гостува еден ваков фестивал ја прифатив безрезервно. Не само што се вклопи во нашето културно лето, кое е исполнето со низа настани, туку се вклопи и во мозаикот на соживотот во нашата општина. Се надевам дека ова ќе биде почеток на едно ново и долго пријателство и соработка, рече Таравари.

Делегацијата од Турција предводена од градоначалникот на општина Картепе го пофали топлиот и срдечен прием, а за возврат на гостиварци ќе им претстават дел од традицијата, занаетите и културата на неговиот регион.

Дел од културната традиција на Турција на синоќешното отворање на фестивалот беше претставена и со концерт на фолкорни друштва.

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ