„Заборавени песни“ во МОБ за Василица

Од:

По организирањето на Новогодишниот концерт на 1 јануари, Македонската опера и балет го подготвува и традиционалниот концерт по повод празникот Василица, кој ќе се одржи на 12 јануари. 

На концертот, кој е насловен „Заборавени песни“, ќе бидат изведени традиционални македонски песни со специјално подготвени аранжмани од композиторот Илија Пејовски, но на програмата ќе има и неколку популарни композиции.

Песните ќе бидат во изведба на Андријана Јаневска во придружба на оркестарот на Македонската опера и балет. Режисер на концертот е Љупка Јакимовска, а диригент Бисера Чадловска.

МОБ соопшти дека билетите се во продажба на нејзината билетарница,  како и онлајн на: www.mob.mk. Новина е можноста тие да се купат и во „Југотон“ во ГТЦ на први кат, преку системот karti.com.mk. Целта е, наведува МОБ,  нивните билети да бидат подостапни до љубителите на уметноста.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат