На годинашниот конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“, која фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ ја доделува за најдобра стихозбирка на македонски јазик објавена меѓу две фестивалски изданија, пристигнале четириесет и четири поетски книги.
Наградениот автор за 2013 година ќе биде прогласен в петок во Струга, во рамки на 52. Струшки вечери на поезијата, кои официјално почнуваат утре. Наградата „Браќа Миладиновци“ досега е доделена 50 пати и ја понеле 39 автори.