Втор Фестивал на светлината во Скопје

Од:

Во Скопската чаршија, на кејот на Вардар и во Градскиот парк од денеска до 1 јуни ќе се одржува вториот Фестивал на светлината (Skopje Light Art District) кој вечер од 20 часот ќе биде отворен во Куршумли ан. Организатор е ЈУ Универзална сала со поддршка на Град Скопје.

Дваесет и пет уметници, уметнички здруженија и уметнички групи од земјава и од странство од 20 до 24 часот во четирите фестивалски денови на 18 локации ќе ги изложуваат своите дела, ќе ги изведуваат своите претстави и перформанси.

– Со инсталации и настапи во многу бои и светлина, „Skopje Light Art District“ и реномираните светлосни уметници кои ќе бидат дел од него, на присутните ќе им ги претстават фантастичните и митски суштетства и чудовишта кои магично излегуваат од крошните на дрвјата или се вешто скриени во некој дел од урбаната џунгла, светлечките дрвја, музичките перформанси, 3Д-проекциите и уште многу други светлосни атракции, соопшти организаторот.

Почетната точка од патеката на фестивалот е во чаршијата, води по кејот на Вардар и завршува во Градскиот парк. Посетителите можат преку мобилна апликација и мапата на веб-страницата на фестивалот (www.skopjelightartdistrict.com) да се вклучат и самите да ги откриваат поставките.

Фестивалот ќе има и посебен дел за одмор, забава и дружење на посетителите, кои ќе имаат можност да присуствуваат и на првиот 3Д-мапинг натпревар, на кој домашни и странски уметници ќе се натпреваруваат за фестивалското гран-при – наградата „Златко Славенски“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Започнува четвртото издание на меѓународниот Фестивал на светлината Skopje Light Art District

Ана Ололовска

Четврто издание на фестивалот на светлината „Skopje Light Art District“

Ана Ололовска

Заврши уште едно успешно издание на „Skopje Light Art District“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ај Кју и Тони Зен ја оживеаја безвременската „Песна за Скопје (Градот Убав)“

Ана Ололовска

Проекцијата LUX NATURAE за старт на третото издание на Skopje Light Art District

Ана Ололовска

ВИДЕО: Следете ја зелената патека, почнува Skopje Light Art District

Ана Ололовска