Во Велико Трново изложба „Конекција 2“ на 7 македонски ликовни уметници

Од:

Во Центарот за културни иницијативи „Таралеж“ во Велико Трново, вчера беше отворена изложбата „Конекција 2“. Седум македонски ликовни уметници кои работат во различни ликовни техники, од графика, масло на платно, текстил, скулптура, инсталации, пред две години се обединија во проектот „Конекција“ и се претставија на исклучително посетена изложба во Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија.

Тоа беше повод, стои во соопштението од КИЦ на Република Македонија, повторно да се актуелизира овој концепт и да продолжи со организација на ликовни настани со оваа неформална група од талентирани и креативни ликовни уметници кои дипломираа на Академијата за ликовни уметности во Софија и во моментов живеат и работат во Бугарија.

На првата од серијата ликовни изложби, која синоќа беше отворена во Велико Трново, се претставија Зоран Мише и Павел Целкоски од Охрид, Иво Пецов и Соња Димитрова од Виница, Горан Тричковски од Делчево, Зоран Георгиев од Гевгелија и Иван Стоименов од Скопје.

Изложбата во Велико Трново ја отворија директорот на КИЦ на Република Македонија Васко Шутаров и домаќинот од Галеријата „Таралеж“ Лилјана Георгиева. Велико Трново е бугарски кандидат за Европска престолнина на културата за 2019 година, во конкуренција со Софија, Пловдив и Варна. Македонскиот културен Центар планира серијата изложби „Конекција 2“ да продолжи и во други бугарски градови. Проектот е поддржан од нашето Министерство за култура.

Би можело да ве интересира

Изложба на кинеска калиграфија отворена во Велес

Во Прилеп завршува МТФ „Војдан Чернодрински“

Двоен „Златен був“ за „Прозаични стихови“ на Али Асгари и Алиреза Катами на 14. Филозофски филмски фестивал

Фестивалот „Преку езерото“ отвора Конкурс за дипломски краткометражен игран или документарен/експериментален филм

Во Кавадарци промовирана книгата „Татков праг“ од Данче Христова Младенова

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ