Во Велес Патувачки филмски фестивал за млади „Џифони патува“

Од:

Под наслов Џифони патува во Велес денеска и утре во салата „Бели мугри“ во Велес се одржува Патувачкиот филмски фестивал за млади „Џифони патува“ кој е во организација на Здружението Планет-М и под покровителство на фестивалот Giffoni Experience од Италија и Агенцијата за филм на Република Македонија, во партнерска соработка со општината Велес.

Фестивалот свечено го отвори Дарко Башески извршен директор на Фестивалот „Џифони Македонија“.

Во рамки на програмата која беше наменета за ученици на возраст од 13 до 18 години се одржа проекција на кратки видеа за фестивалот Giffoni Experience од Италија кој се одржува веќе 48 години.

Воедно беше проектиран игран филм, а учесниците беа и дел од работилница дискусија за филмот.

Како што појасни Дарко Башески извршен директор на фестивалот, Фестивалот Џифони Патува како продолжен сегмент на Фестивалот за млади„ Џифони Македонија“ има за цел во помалите градови во земјава да ја развива визуелната култура на млада публика.

– Целта е младата публика да се запознае со вредностите на адио визуелните уметности како и сите нови медиуми преку кои таа се создава и пренесува до публиката. Исто така преку дискусии за филмот, младите се поттикнуваат преку отворен разговор воден од модератор да ги развиваат своите способности за дебатирање. Фестивалот е и добар повод за меѓусебно дружење и запознавање на младите од различни училишта.

Тој појаснува дека „Џифони патува“ е проект кој преку ширење на идеите на културниот производ „Џифони“ низ земјата и вклучување на поголем број на млади вљубеници во филмот и културата кои во текот на дводневните манифестации преку богата филмска и едукативна програма овозможува младите учесници да ја почувствуваат магијата на филмот и културата воопшто.

– Преку фестивалот Џифони како културен производ наменет за младите, се очекува градење на естетските вредности за филмот и културата воопшто кај младите во Република Македонија,појасни Башески.

Инаку филмскиот фестивал за млади „Џифони патува” досега се одржа во Прилеп, Охрид, Битола, Штип, Тетово и Берово, а сега е во Велес каде програмата продолжува и утре претпладне со почеток во 10 часот во салата „Бели Мугри“.

Би можело да ве интересира

Филмскиот фестивал за млади „Џифони патува“ во Неготино

Ана Ололовска

Данскиот тинејџерски филм „Хакер“, во кој гласот го позајмува Стефонатор, на „Џифони филмски денови“

Ана Ололовска

„Џифони филмски денови“ од 9 април до крајот на учебната година во Кинотека

Ана Ололовска

Рускиот „На работ“ и канадскиот „Врева“ – најдобри според средношколците на „Џифони Македонија“

Ана Ололовска

Во Кинотека завршна вечер на „Џифони“ фестивалот

Ана Ололовска

Отворен деветтиот Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“

Ана Ололовска