Од 18 до 22 јуни во скопските кина „Милениум“, „Фросина“ и во Кинотеката на Македонија, како и во Центарот за култура „Григор Прличeв во Охрид ќе се одржи Седмото издание на Францускиот филмски фестивал.
На него ќе бидат присутни еминентни гости од Франција и ќе бидат прикажани најновите остварувања од француската кинематографија.
Предвидено е да бидат прикажани девет долгометражни, четири краткометражни и еден документарен филм. Фестивалските денови ќе ги затвори актуелниот филмски хит „96 часа“ на режисерот Фредерик Шендорфер, кому ќе му биде доделена Златна маска за животно дело.
Фестивалот на францускиот филм е централна француска културна манифестација во Македонија, но и прва културна странска манифестација во земјата.