Во Крушево се одржува фестивалот „When in Krusevo – Winter is Here“

Од:

Од денеска до 16 февруари, Крушево е домаќин на второто издание на фестивалот „When in Krusevo – Winter is Here“ (Кога си во Крушево-зимата е тука“). Организаторите велат дека очекуваат голем број учесници кои ќе го следат фестивалот и ќе бидат дел од богата рекреативна програма, а сместувачките капацитети се исполнуваат со посетители од целата држава.

Второто издание на фестивалот носи по неколку илјади туристи во Крушево, најмногу поради фестивалските содржини кои вклучуваа: чист воздух, фото тура, рекреативна пешачка тура, зимски тандем-параглајдинг, зимско јавање на коњи, дегустација на вкусни крушевски специјалитети и луда забава, овој пат на прекрасните ски-терени на „Станич“ и ресторан „Алто“.

Според програмата, во текот на денешниот ден ќе пристигнат учесниците.Од собирното место утре околу 10 часот пред Спомен-куќата на Тоше Проески на Гумење ќе почне саботната рекреативна тура што опфаќа: рекреативна планинарска тура од околу 5 км или, по избор, подолга тура до месноста „Слива“ што е 8 километри. Од 10 до15 часот е Зимски тандем-параглајдинг, а потоа е јавањето на коњи. Во текот на денот има забава на отворено за учесниците со „DJ Bapcu“ како и рок журка со „Backdoor Band“. Вечерна забава ќе обезбеди групата „The Hounds“, вечерната забава е со „DJ Taseski“ и со „DJ Pece“.

В недела преку денот има забава на ски-терените во месноста „Станич“, зимски тандем-параглајдинг како и нова авантура со јавање коњи.

Крушевскиот градоначалник Томе Христоски смета дека „When in Krusevo“ има голем потенцијал и сериозно ја збогатува туристичка понуда на градот.

– Досега имавме неколку изданија на летното и зимското „When in Krusevo“, настан кој Општината активно го поддржува зашто покажа голем потенцијал и сериозно ја збогати нашата понуда. И годинава очекуваме двете изданија на фестивалот да донесат над 6 000 туристи во нашиот град, вели Христоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Параглајдеристот кој имаше несреќа во Крушево заминува дома

Повреден параглајдерист во Крушево, се пренесува со полициски хеликоптер

Крушево: Отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

За Илинден до Крушево да се користат патните правци преку Битола и Кичево

Во Илинденско Крушево пристигнаа повеќе од 150 коњаници

Уапсен 73-годишен маж од Крушево – дома му нашле дрога, оружје и пари