Во Гевгелија промовирана монографијата „Антички монети“ од Бобан Хусеновски

Од:

Во Гевгелија денеска беше промивиран вториот том од монографијата „Антички монети“ на авторот Бобан Хусеновски.

Делото, според рецензентот проф. д-р Наде Проева, има големо значење за натамошните научни археолошки истражувања.

– Второто значење е што локалитетот Вардарски рид на кој се вршени истражувањата, е единствен на територијата на Република Македонија чија нумизматичка збирка е целосно објавена, нагласи Проева.

Според промоторот Перо Јосифовски, монографијата спаѓа во редот на најдрагоцените нумизматички дела зашто е посветена на наодите од кои може да се види цела хронологија и интензитет на живеење во градот и неговата економија. – Преку парите најдобро се гледа каков бил квалитетот на животот во еден подолг временски период, оцени Јосифовски.

„Антички моменти“ на археологот и директор на гевгелискиот музеј Бобан Хусеновски е обемно и значајно дело за културното наследство на археолошкиот локалитет Вардарски рид каде што се наоѓал старо – македонскиот град Гортинија. Првиот том беше објавен во 2004 година.

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ