Во Гевгелија мултимедијален арт фестивал „БОШ“

Од:

Со поставување инсталацијата од рециклиран отпад на колективот „Кула“ во Гевгелија почна мултимедијалниот арт фестивал „БОШ“ кој годинава ќе понуди многу настани од различни културни жанрови.

Богатата програма на трите фестивалски дена, денеска предвидува театарско рандеву со Милош Андоновски, автономен културно социјален центар со панел дискусија на тема „Културно-социјалните центри-нови жаришта на слободата“ и изложба на Перо Кованцалиев со поставката „Да или не?“ која ќе биде отворена во галеријата „Амам“.

– Шестото издание на Фестивалот не се разликува многу од претходните по својата идеја. Можеби во одредени нијанси и сегменти сака да ја пренесе пораката дека тоа е фестивал на слободата која е основниот предуслов за човек максимално да го реализира својот креативен потенцијал, рече Ѓорги Калински од организацискиот одбор на Фестивалот.

Во музичкиот дел од Фестивалот, вечер ќе настапи групата „Меканимал“ од Грција која во своето музицирање ги интегрира техно музиката, поезијата и говорењето. Нејзиниот основач Јанис Папајоану се смета за пионер на тамошната андеграунд и електронска музичка сцена.

-Преку Фестивалот имаме за цел да ги преминеме и границите со нашиот сосед. После се друго, ние сепак мора да комуницираме и да соработуваме на дневна, културна и секаква друга основа, нагласи Калински.

Мултимедијалниот арт фестивал во чест на починатиот актер Бошко Бозаџиевски се одржува под генерално покровителство на општина Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Возач на Итна помош истепал лекар во Гевгелија

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on