Во Битола почнува меѓународниот фестивал „Музика од Светот“

Од:

Јубилејното, 10-то издание на меѓународниот фестивал на „Музика од Светот“ во Битола ќе почне со целовечерен концерт на македонската група „Синтезис“.

Организаторот и домаќин на фестивалот, Центарот за култура-Битола најавува спектакуларно издание со атрактивни гости од Куба каква што е групата „Фламенко Екос“.

-Првата програмска вечер е резервирана за нашата „Синтезис“ од чии членови пак и пак се очекува моќен и експлозивен настап со промоција на македонската песна и традиционалните инструменти кавал, зурла, тапан… Влезниците во најголем дел се распродадени за вечерашниот, но и за концертот утревечер на кој ќе настапат членови на новоформираниот македонски џез квартет. Финалето е закажано за в недела, кога на фестивалската сцена во Битола ќе настапат членовите на танцувачката група и музичарите на „Фламенко Екос“ од Куба, најави Маја Андоновска Илијевски, директор на НУ Центар за култура-Битола.

Меѓународниот фестивал „Музика од Светот“ се одржува со поддршка на Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Земјотрес e почувствуван во Битола и околината

Општина Битола издвои два милиони денари за семејствата на починатите и за повредените во пожарот во Кочани

Гори големо стрниште во околината на Битола

Мирен протест во Битола: Институциите дозволија живи да горат деца, да гори младината иднината на државата

Битолчани – шампиони во селектирање отпад: Успешно одложени 1 милион парчиња амбалажа во 2024 година