ВМРО-ДПМНЕ: Памфлетот што Алаѓозовски го нарекува стратегија не нуди никакво развојно и системско унапредување

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

„Јавноста очекуваше Алаѓозовски на денешната прес конференција да каже дека ја повлекува скандалозната годишна програма на министерството и дека заради морални причини да си дава оставка од функцијата.

Наместо тоа, граѓаните видоа срамен обид да се дефокусира јавноста од катастрофалната распределба на буџетските пари.

Алаѓозовски потроши десетина минути на празни зборови без да каже било што за занемарувањето на државните и национални установи со повеќе годишна традиција, за сметка на граѓански здруженија за кои јавноста прв пат слуша дека воопшто постојат.

Тоа што денеска го презентираше Алаѓозовски е обичен политички памфлет, без вредност за културата. Памфлетот што го нарекуваат некаква стратегија не нуди никакво развојно и системско поместување и унапредување на културата. Најважниот сегмент на културата, дејностите од културата се површно третирани, без никаква визија. Оваа така наречена стратегија нема конкретни мерки или чекори.

Со денешниот срамен настап на Алаѓозовски дефинитивно се потврди дека оваа власт е комплетно безидејна и дека е крајно време тој да понесе одговорност за своето лошо менаџирање во културата.
Доста од е од памфлети и привидна транспарентност, време е некој со сериозност и одговорност, но и со капацитет да одговори на барањата во културата“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ