Денот на одржувањето на фестивалот „Нови Простори“ на 18 Јуни 2022 година се поклопи со 80-от роденден на Сер Пол Макартни, поранешниот Битлс и еден од најголемите музичари во поновата музичка историја.
-Ние, од местото на одржување на фестивалот, на платото под камениот мост, до сидрото, му снимивме музичка честитка, сите заедно, Лазар Нелковски – директорот на Фестивалот и целата публика, му ја испеавме Happy Birthday To You и истата му ја испративме како видео порака на Сер Пол Макартни, соопштија од „Нови Простори“.