Вечерва на „Лица без маски“, претстава од Белград

Од:

Претставата „Штом ќе се исполнат желбите, не можеш повеќе да живееш во нив“, во изведба на независниот „Лудум, Лудум“ театарот од Белград, а во режија на Петар Ристовски, вечерва од 20 часот е на програмата во Универзална сала, во рамки на официјалната натпреварувачка програма на ИТФ „Лица без маски“.

Идејата за претставата е на Петар Ристовски, заедно со истакнатата млада српска актерка Теодора Живановиќ. Како што велат, претставата е спој на драма, кореодрама, музика и танц. Слична е на физичкиот, музичкиот и класичниот театар, како и на современиот танц.

Претставува комбинација од разни жанрови. Тоа е емотивна приказна за секој од нас. Го доловува животот од неговиот почеток до самиот крај. Истовремено, тоа е постојана игра помеѓу соништата и реалноста, помеѓу она што го сонуваме и што одговара реалноста на тоа.

Публиката ќе ја почувствува дилемата дали да се живее во соништа во текот на животот, или да се сториме сé да ги исполниме, притоа изложувајќи се на ризик повеќе никогаш да несакаме ниту да се насмееме.

Пред утрешното доделување на наградите, вечерва во рамките на официјалниот компетитивен дел е и претставата „Трансферату“ во режија на Софиа Ристевска, а во изведба на актери од „Интимен театар“ од Битола.

Како што ќе истакне режисерката на претставата, „Трансферату“ е претстава за човечките индивидуалности коишто многу често се неразбрани, осудувани и казнувани. Дваесет и петгодишна девојка, сака да направи пластична операција и да го трансформира своето човечко лице, во лице на коза. Нејзината одлука е тема на дискусија во сите социјални кругови во коишто таа се движи и живее. Негодувањето и негирањето на тоа нејзино решение, ја исфрла личноста на маргините на општествениот живот, во самотијата на духовната изолираност. На крајот операцијата сепак се случува и ја потврдува вечната борба на човекот за одржување, пласирање и потврдување на сопствената индивидуалост и за општествено признавање на истата. „Трансферату“ е претстава за „различните“!

Претставата „Трансферату“, ќе биде изведена на „Малата сцена“ при Универзална сала, во 22 часот.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Премиера на комедијата „Жени во црвено“ во Македонија

Кабаре – концерт за лажици и гитара на Раде Шербеџија и Ленка Удовички на фестивалот РУТА во Драмски театар

Јордан Симонов од МНТ најдобар актер на фестивалот „Албански театар во Македонија“

Предраг Петровиќ