Музејот на Ван Гог во Амстердам развива репродукција на слики на овој генијален холандски уметник во 3Д техника, а ако сакате да купите вакво уметничко дело ќе морате да издвоите 22.000 фунти.
Наскоро ќе можете сите евтини репродукции на сликите на Ван Гог да ги замените со оние пореалните и помодерни и тоа во 3Д техника.
– Ова навистина е нова генерација на изработка на реплики, затоа што поминуваме во трета димензија. Ако сте познавач, тешко ќе можете оваа репродукција да ја разликувате од оригиналот, но ако сте реставратор, морате да ја забележите разликата, рече директорот на музејот Аксел Ругер.
Секоја репродукцијата ќе чини 22.000 фунти што е многу повеќе од постер или обична реплика. Сепак, музејот се надева дека овие реплики би можела да достигнат цена и од неколку милиони фунти, ако купувачите се руски и американски моќници.