Утревечер промоција на третиот по ред албум на Пиколомини

Од:

Утревечер на 6 септември, со почеток во 20 часот, во Ла Кања бар (во Старата скопска чаршија) ќе се одржи слушачка промоција на третиот по ред албум на скопскиот музичар Пиколомини. По четири години од претходното издание, овој артист се враќа со потполно нов материјал спакуван во 10 песни со наслов ,,Бела птица, црн бран’’.

Се работи за музички провокативен преплет составен од песни во пост панк, инди поп и њу вејв манир, но со многу стилски варијации, кои го прават овој албум вистински предизвик за секој пар љубопитни уши. Истовремено е политички силен приговор на реалноста, но и акт на музичка љубов и можно прибежиште за неприлагодените на овој засега тешко разбирлив век, барем за оние родени и делумно пораснати во минатиот.

Како гости на овој материјал се појавуваат и вокалистките Кристина Горовска (Бернајс пропаганда), Надежда Рубен (Поган паган) и Соња Димитриоска (КЛО). Комплетниот материјал авторски и продукциски е потпишан од Давид Ангелевски, а фотографијата за обвивката ја изработи Иван Илиев.

Албумот ,,Бела птица, црн бран’’ ќе биде достапен на ЦД и во дигитален формат во издание на независната издавачка куќа Шарла.

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ