Утре започнува второто издание на фестивалот на светлината, Skopje Light Art District

Од:

26 врвни светлосни уметници, уметнички здруженија и театарско-сценски групи, на 18 локации во Старата чаршија, покрај кејот на реката Вардар и во Градскиот Парк, секој ден од 29-ти мај до 1-ви јуни на Скопје и скопјани од 20:30 до 24:00 часот ќе им се претстават со најразлични светлосни инсталации, светлосни музичко-сценски настапи, 3Д мапирања и останати уметнички активности поврзани со светлосната уметност.

За прв пат ќе се одржи и натпревар во 3Д мапирање, на кој 9 видео мапинг уметници од земјата и странство, ќе имаат можност секој на свој начин да претстават како ја доживуваат фасадата на една од најпрепознатливите згради во Скопје, т.н. МЦМ зграда пред самиот влез на Градскиот Парк.

Потоа, стручно жири од еминентни меѓународни и домашни светлосни уметници и куратори ќе го изберат и победникот, кој подоцна ќе биде награден со Гран При-то на фестивалот, наградата “Златко Славенски“. Фестивалското Гран При се доделува во чест на Златко Славенски, професор на Факултетот за драмски уметности, режисер и еден од пионерите во видео мапингот на овие простори.

Во склоп на настанот, на “Школка“ во Градскиот Парк ќе функционира и Chill зона, која ќе биде место за одмор, освежување и забава на посетителите и уметниците кои ќе бидат дел од SkLAD 2019.

В петок, на 31-ви мај се организира и академска конференција во Даут Пашиниот Амам, со име “Светлосни разговори“, на кој Бетина Пелц, уметнички куратор од Германија, Ајман Гарби, куратор и продуцент од Тунис и Александра Стратимировиќ, светлосен уметник со седиште во Шведска и уметнички директор на SkLAD 2019, ќе дискутираат за употребата на светлоста како медиум и како нов вид на изразување во уметноста.

Фестивалот на светлината “Skopje Light Art District” е проект на ЈУ Универзална Сала – Скопје, со поддршка на Град Скопје и ROCK проектот, дел од Хоризонт 2020 програмата на ЕУ за истражување и иновации.

Градот Скопје, заедно со уште 9 други градови од Европа е дел од ROCK проектот, проект за културно наследство, чија цел е од историските престолнини да создаде нови одржливи еколошки, економски и општествени процеси.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Започнува четвртото издание на меѓународниот Фестивал на светлината Skopje Light Art District

Ана Ололовска

Четврто издание на фестивалот на светлината „Skopje Light Art District“

Ана Ололовска

Заврши уште едно успешно издание на „Skopje Light Art District“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ај Кју и Тони Зен ја оживеаја безвременската „Песна за Скопје (Градот Убав)“

Ана Ололовска

Проекцијата LUX NATURAE за старт на третото издание на Skopje Light Art District

Ана Ололовска

ВИДЕО: Следете ја зелената патека, почнува Skopje Light Art District

Ана Ололовска