Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ги соопшти добитниците за 2023 година, за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија
Во областа на воспитанието и образованието наградата му се доделува на проф. д-р Рабије Мурати, универзитетски професор, а во областа на културата и уметноста на филмскиот режисер Антонио Митриќески.
Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 8 декември 2023 година во 12 часот, во свечената сала на Собранието на Република Северна Македонија, соопшти Одборото за доделување на наградата.