Уму Сангаре го затвора 17. ОФФест

Од:

Уму Сангаре, најголемата африканска пејачка која доаѓа од Мали, вечер од 20.30 часот ќе настапи во Македонската опера и балет и ќе го затвори 17. ОФФест.

Суперѕвездата од Мали, како што наведува организаторот на фестивалот, е добитник на наградата „Греми“, амбасадор е на добра волја на Обединетите нации, добитник на International Music Award на УНЕСКО и Womex 2017 Artist Award Winner.

Таа е пејачка, композитор и посветен активист за правата на жените во родната Мали и во цела Африка. Родена е во главниот град Бамако и музичка кариера почнала на рана возраст пеејќи традиционални песни. На 20 години го снимила својот спектакуларен прв албум „Moussolou“. Нејзиниот последен албум „Могоѕа“ многумина го прогласиле за албум на годината во 2017.

– Стилот на пеење на Сангаре е васулу и затоа е позната како „песнопојната птица на васулу“. Тоа е популарен музички жанр произлезен од народните традиции во руралниот југозападен дел на Мали. Токму тој стил ѝ донесе меѓународен успех и со него продолжува да ја доближува васулу-културата и традицијата до светската публика, наведува ОФФест.

Со концертот на Сангаре ќе заврши 17-тото издание на фестивалот на музика на светот, кој беше досега најбогат по денови (пет) и по број на учесници – вкупно десет изведувачи.

На програмата на годинашниот ОФФест беа: „Јупитер и Оквес“ од Конго; „Фајтинг виндмилс“ (единствените учесници од Македонија); американско-австралиско-турскиот состав „Диртмјузик“; „Офичина Зое“ од Италија; „Ифрикија Електрик“ од Тунис; „Бармер бојс“ од Индија, француско-италијанскиот бенд „Транс аеолиан трансмисион“; пејачките Гаје Су Акјол од Турција и Уму Сангаре од Мали, како и диџејот Мукамбо од Белгија.

Би можело да ве интересира

Четврта завршна вечер на OFFest 2023

Ана Ололовска

Почнува 22. издание на ОФФ-Фест

Ана Ололовска

Во продажба билетите за 22 ОФФ-Фест

Ана Ололовска

„Скопски џез фестивал“: Го откажуваме 22. издание на „OFFest“

Ана Ололовска

Последна вечер на 21. OFFest

Ана Ололовска

Македонска вечер за почеток на Offest

Ана Ололовска