Турскиот театар ќе ја изведе претставата „Камен“

Од:

Националната установа Турски театар-Скопје вечер ќе ја изведе претставата „Камен“ од Мариус Вон Мајенбург, во режија на Билге Емин.

Средствата од продадените билети ќе бидат наменети како хуманитарна донација за поплавените подрачја во Босна и Херцеговина и Србија.

Драмата „Камен“ претставува емотивно сеќавање, која го следи животот на едно семејство од Дресден во различни историски времиња (1935, 1945, 1953, 1978, 1993) и говори за семејниот мит, за криењето на вистината за злосторството на нацизмот.

Претставата се занимава со проблемот на губењето на идентитетот, односно градењето на идентитет со лажно минато. Во претставата, градењето на идентитетот започнува со неговото ослободување, до кое се доаѓа преку разрешување на семејниот мит. Лагата за семејниот мит, пренесуван од генерација во генерација, не настанала од потребата за фалсификување на историјата, туку како потреба за снаоѓање на „малиот човек во големите времиња”…

Би можело да ве интересира

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Македонска филхармонија гостува во Дубровник

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Победничката на UpBeat – Best New Talent Award на фестивалот Звукот на Скопје

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ