Мјузиклот „Легендата на птицата Симург“, во кој учествуваат 45 уметници – членови на хорот, на оркестарот и на танцовата група при ТРТ –Турската државна радио телевизија, в понеделник (20 ноември) ќе биде изведен во Домот на АРМ.
Настапот во Скопје е во рамки на балканската турнеја, на која „Легендата на птицата Симург“ ќе биде изведена во Солун, Тирана, Сараево, Белград, Загреб, Букурешт и во Софија.
„Легендата на птицата Симург“ претставува музичко патување со разнообразни музички, танцови и сценски елементи, оригинална кореографија и визуелни уметности, со цел да се истакнат белезите на турската цивилизација низ историјата до денес.