Музиката и танцот со сите проблеми и предизвици во првиот македонски мјузикл „Црно и бело“

На 18 јуни, во 20 часот во кино Фросина, МКЦ – Скопје, ќе биде прикажан првиот македонски мјузикл „Црно и бело“. Овој дипломски филм, како предизвик на филмското платно го постави Сандра Ѓорѓиева.

Музиката и танцот со сите проблеми и предизвици го сочинуваат животот црно – бел на главниот лик, Јована, која ја глуми актерката Јелена Јованова. Таа е млада, вредна жена вработена во туристичка агенција која ги исполнува барањата на сите, со цел да биде прифатена и признаена од соработниците. Но, покрај својата посветеност и напорна работа, таа е постојано непочитувана. Јована со нив води имагинарна војна преку музика и танц.

Сценариото, режијата и монтажата се на Сандра Ѓорѓиева, директор на фотографија е Дарко Елек, композитор Филип Стефановски (ФИС студио), музички текстописец Тамара Котевска, кореографијата е на Ирена Лозинска, а тонската обработка на Сашко Потер Мицевски.

Актерската екипа ја сочинуваат: Јелена Јованова, Јордан Симонов, Жаклина Петровска, Жарко Димовски, Дејан Лилиќ, Миа Трпезановска, Анџелина Симоновиќ, Благојчо Стојанов, Наталија Теодосиева, Ангела Стојановска, Марко Илиќ, Дритон Вејсели, Стефан Петровски, Ангела Димитрова, Христијан Поп-Симонов, Васко Костовски, Кујтиме Ахмети, Дритон Незири, Никола Колев и децата од драмското студио на „5+“.

Филмот е во продукција на Факултетот за драмски уметности – Скопје, копродукција „Мунлајт“, со поддршка од Агенција за филм.

„Црно и бело“ е дипломски филм на Сандра Ѓорѓиева, студент на Катедрата за филмска и телевизиска монтажа, во класата на проф. м-р Лазар Секуловски и доц. м-р Владимир Павловски.

Ѓорѓиева во улогата на режисер и монтажер е потпишана и за филмот „Зелени ѕидови, црна храна“, кој влезе во официјалната селекција на Сараевскиот филмски фестивал во 2015 година.

Би можело да ве интересира

Премиера на првиот македонски филмски мјузикл „Црно-Бело“

Ана Ололовска

Мјузиклот „Коштана“ во Домот на културата во Струмица

Ана Ололовска

Мјузиклот „Мама миа!“ подготвен за премиерата во недела

Ана Ололовска

Турскиот мјузикл „Легендата на птицата Симург“ во Дом на АРМ

Ана Ололовска

Гостување на мјузиклот „Легендата на птицата Симург“ од Турција

Ана Ололовска

Турскиот мјузикл „Легендата на птицата Симург“ во Скопје

Ана Ололовска