„Турандот“ вечер на Мајски оперски вечери

Од:

Во рамки на 44. Мајски оперски вечери денеска ќе биде изведена операта „Турандот“ на Џакомо Пучини со гостување на уметници од повеќе земји. Режисер, сценограф и костимограф е Џанкарло дел Монако од Италија, од каде е и диригентката  Џанa Фрата.

Во насловната улога ќе биде Оксана Крамарева од Украина. Симоне Фредијани од Италија ќе настапи како Калаф, а во ролјите на Лиу и Тимур ќе настапат Сандра Митровска и Игор Дурловски. Дел од екипата се и Кристијан Антовски, Дарко Нешовски, Дејан Стоев, Славчо Димовски, Марјан Николовски, Дарко Нешовски и Тихомир Јакимовски, како и хорот на Македонската опера и балет.

„Турандот“ е опера во три чина напишана по либретото на Џузепе Адами и Ренато Симони. Текстот се базира на истоимената драма од Карло Гоци во адаптација на Фридрих Шилер.  Пучини не ја допишал операта и по неговата смрт таа била завршена од Франко Алфано.

Светската премиера била во Скала во Милано на 25 април 1926 година, под диригентство на Артуро Тосканини. Операта тогаш била изведена според музиката на Пучини, без дополнувањата на Алфано.

Џанкарло дел Монако е режисер и на обновената „Турандот“ која МОБ ја постави пред два месеца по 14 години од првата изведба во Македонија. Оваа опера важи за една од најпопуларните на италијанскиот композитор Пучини.

Би можело да ве интересира

„Аида“ ги затвора 47. Мајски оперски вечери

Ана Ололовска

„Лучија од Ламермур“ вечер во МОВ

Ана Ололовска

Операта „Лучија од Ламермур“ на 15 мај

Ана Ололовска

Мајски оперски вечери: Промоција на монографијата за Зина Креља и изведба на „Турандот“

Ана Ололовска

Почнуваат 46. Мајски оперски вечери

Ана Ололовска

Со „Аида“ вечер ќе бидат затворени 45. Мајски оперски вечери

Ана Ололовска