Операта „Лучија од Ламермур“ на 15 мај

Од:

Во рамките на 47. Мајски оперски вечери, на 15 мај ќе се одржи психолошки фасцинантната опера „Лучија од Ламермур“ од Гаетано Доницети, со врвна солистичка екипа.

Во главната улога како Лучија ќе настапи нашата светски позната првенка Ана Дурловски која што бележи успешна светска кариера. Италијанскиот баритон Франческо Вултаџо, добитник на многубројни интернационални награди ќе настапи во улогата на Енрико, додека во улогата на Едгардо ќе настапи Ифрим Космин од Романија, кој со својот полн и обоен тенорски глас бележи настапи на многубројни престижни оперски сцени и театри низ светот. Во улогата на Рајмондо ќе настапи гостинот од Србија Иван Томашев, солист на Националната опера во Белград, а во улогата на Артуро Марјан Николовски. Марика Поповиќ и Јане Дунимаглоски ќе ги видиме во улогите на Ализа и Нормано.
Диригент е гостинот од Бугарија Најден Тодоров.

Изложба на Ана Липша Тофовиќ „Божествена симбиоза“

Оваа година дел од Мајските оперски вечери ќе биде и изложбата на фотографии на оперската примадона Ана Липша Тофовиќ „ Божествена симбиоза“. Проектот се реализира на иницијатива и со финансиска поддршка од Матицата на иселениците од Загреб, Советот на македонското национално малцинство на Град Загреб и Заедницата на Хрвати во Република Македонија кој се однесува на афирмација на истакнатата музичка уметница Ана Липша Тофовиќ од Република Хрватска.

Проектот има за цел да ги презентира на јавноста животните стории и фрагментите од дејствувањето на Ана Липша Тофовиќ во овие простори преку изложба на нејзините предмети, фотографии, костими, плакати и се што е зачувано. Изложбата ќе се одржи во фоајето на Националната опера и балет од 15 – 31 мај.

Отворање на изложбата 15 мај, 19.00 часот.

Би можело да ве интересира

„Лучија од Ламермур“ од Гаетано во рамките на „Мајски оперски вечери“ на 18 мај

Ана Ололовска

Изведба на операта „Норма“ во рамките на 50. Мајски оперски вечери

Ана Ололовска

„Аида“ ги затвора 47. Мајски оперски вечери

Ана Ололовска

„Травијата“ на Мајските оперски вечери

Ана Ололовска

Изведба на „Травијата“ на 28 мај

Ана Ололовска

Изведба на „Боеми“ на Пучини на Мајски оперски вечери

Ана Ололовска