Тур-оператори и новинари од Тирана на Галичка свадба

Од:

Mеѓународната канцелариjа  Инвест Македонија – Тирана, при Амбасадата на Република Македониjа во Тирана, викендов организира туристичка тура низ Западна Македонија.

Тур-оператори и преставници на медиумите од Тирана ќе имаат можност да присуствуваат на неколку уникатни настани што најдобро ја одразуваат традицијата на Македонија, но и културните, историските и кулинарските вредности.

Еден од нив е регионалната манифестација  „Денот на огледувачите на овци и кози“ што се одржува осми пат под покровителство на Министреството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на регионалното здружение на одгледувачите на овци на Западна Македонија. Туристичките агенци учеснички ќе можат да остварат директни средби со менаџерите и сопствениците на хотелите. Тие утре и задутре ќе присуствуваат и на Галичката свадба која годинава слави 50. јубилеј и ќе се одржи под покровителство на преседателот Ѓорге Иванов.

Според Канцеларијата на Инвест Македонија – Тирана, организацијата на овие тури кои се под покровителство на управилтелот Фатос Мустафа, создава реални услови за долгорочна соработка меѓу двете земји не само во областа на туризмот, туку и на трговската размена и инвестици. Оваа стратегија, најавува Канцеларијата, ќе продожи да се практикува.

Посетата на Западна Македонија е организирана во соработка со општините Маврово и Ростуше.

Би можело да ве интересира

Стефана Димитрова и Даријан Кочоски се младенци на годинашната „Галичка свадба“

Галичка свадба од 12 до 14 јули, Даријан Кочоски и Стефана Димитрова годинешните зет и невеста

Претседателот Пендаровски и сопругата Ѓоргиевска на „Галичка свадба“

Презентација на програма за културната манифестација „Галичка свадба“

Галичка свадба 2022: Спој на традицијата, културното наследство и вистинските партнерства

Галичка свадба викендов, Катерина и Филип – годинашни младенци