Тринаесет содржини на 35. Штипско културно лето

Од:

Штипско културно лето, најстарата манифестација во Штип, годинава поради здравствените протоколи ќе се одржува на летната сцена на Домот на млади.

Кирил Панајотов, советник во Општина Штип, изјави дека годинава во согласност со здравствените протоколи настаните ќе се одржуваат под познатиот чадор, каде што уметниците ќе бидат на сцената, а публиката оддалечена на четири метри од нив.

– Штипско културно лето почнува од утре, 9 јули, а завршува на 31 јули. Во програмата имаме 13 содржини и таа е шаренолика. Нема да имаме класично отворање, туку почнува од утре со летната онлајн балетска школа „Арабеск“. На крајот учесниците ќе имаат завршен перфоманс на сцената на Дом на млади, рече Панајотов.

Публиката ќе може да проследи промоција на музички албуми, монодрами, детски претстави, изложби и промоции на книги. Сите содржини на 35-тото издание на Штипското културно лето ќе може да се следат и онлајн на интернет-страницата на Дом на млади-Штип. За оваа манифестација годинава се предвидени 150.000 денари.

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ