„Трето полувреме” емитуван пред публиката на „Три круши”

Од:

Повторно бројна публика на Три круши и повторно настан за паметење од годинешното културно лето што го организира општина Кисела Вода. Синоќа, посетителите, под отворено небо, уживаа во кино проекцијата на филмот “Трето полувреме”. Уметничкиот израз што овој филм им го понуди преку врвниот актерски тим кој ја носи приказната, инспирирана од вистински случувања во Македонија за време на бугарската окупација во Втората Светска Војна, музиката во него, која навистина автентично го доловува времето во кое се протега сторијата, беа вистинско доживување за секој кој што одлучи да ја помине саботната вечер на Три круши во село Драчево.

Инаку, филмот “Трето полувреме” на режисерот Дарко Митревски премиерно беше прикажан на Интернационалниот фестивал на филмска камера “Браќа манаки” во Битола. Ја освои наградата од публиката за најдобар филм на 14-тиот Еврејски филмски фестивал во Атланта, САД. Од страна на публиката е прогласен за најдобар филм на 18-тиот Еврејски филмски фестивал во Детроит, САД. Во Австралија, наскоро ќе биде издаден на ДВД. Беше и македонски кандидат за Оскар од неанглиско говорно подрачје.

Општина Кисела Водса би сакала да ве информира дека најавената театарска претстава “Не се клади на Енглези” која требаше да се емитува вечерва е одложена од технички причини.Настаните кои се дел од културното лето “Три круши” продолжуваат следната недела.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот