Трето издание на „Skopje light art district“

Од:

Од 19 до 22 август ќе се одржи третото издание на фестивалот на светлина „Skopje Light Art District“ на 18 локации, почнувајќи од симболот на Скопје, каде за прв пат граѓаните на главниот град ќе имаат можност да присуствуваат на уникатно доживување, видео мапинг на Камениот мост, проследено со музика и анимации, изработени од страна на реномираната француска продукција Loom Prod.

Замислената рута на движење ќе се протега од Камениот мост, кејот на реката Вардар, зградата на МЦМ и Градскиот парк. За прв пат, годинава, фестивалот има своја тема, односно ќе се обиде да даде одговори и продуцира решенија претставени преку креации на светлина на општествените недостатоците како: екологија, еколошката свест и поттикнување на одговорноста за зачувување на животната средина.

Овој тип на настан има повеќе свои улоги, но она што највеќе се истакнува е промоција и интеграција на уметноста, изградената архитектура и околината на архитектурата. Предизвикот е голем. Нашата мисија е да го истакнеме градот како жив организам и да ја возбудиме имагинацијата и поттикнеме простор за креативност и истражувачки несекојдневен ритам, велат организаторите.

– Од друга страна, потребата за организирање на ваков своевиден музеј на отворено, произлегува од малата посетеност на музеите, културните институции и галерии во Градот како и слабата едукација од областа на културата и културното живеење.

Оваа година, имаме учество на повеќе од 25 домашни и странски уметници и изведувачи со чија помош ќе ја презентираме и потсетиме врската помеѓу културнотот наследство, Камениот мост и модерното живеење, односно модерното живеење истакнато преку потребата од зелена еколошка свест, најголемата зелена површина во градот, Градскиот парк, се додадва во соопштението на организаторите.

Традиционално, веќе трета година по ред настанот е во организација на ЈУ Универзална сала-Скопје, така што пред се тука се вработените во институцијата.

Тука е и Александра Стратимировиќ Дагфелд, уметничката директорка на фестивалот, која како реномиран уметник од областа на светлосната уметност, ја доловува магијата од познатите светски фестивали на светлина. Во организацискиот тим на Skopje Light Art District има уште неколку лица кои учествуваат уште од првото издание на фестивалот, кои пренесуваат практики и искуства, работејќи на други реномирани европски фестивали.

Оваа година за прв пат има и група на волонтери кои ќе се вклучат во организација на годинешното трето издание.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Започнува четвртото издание на меѓународниот Фестивал на светлината Skopje Light Art District

Ана Ололовска

Четврто издание на фестивалот на светлината „Skopje Light Art District“

Ана Ололовска

Заврши уште едно успешно издание на „Skopje Light Art District“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ај Кју и Тони Зен ја оживеаја безвременската „Песна за Скопје (Градот Убав)“

Ана Ололовска

Проекцијата LUX NATURAE за старт на третото издание на Skopje Light Art District

Ана Ололовска

ВИДЕО: Следете ја зелената патека, почнува Skopje Light Art District

Ана Ололовска