Трет филмски фестивал „Богородичен покров”

Од:

Во Кинотеката на Македонија од денеска до 18 октомври ќе се одржува третиот Меѓународен филмски фестивал за духовни, хумани и културни вредности „Богородичен покров”. На фестивалот се прикажуваат филмови со духовни, хумани, морални, религиски и семејни вредности и филмови од културното и духовно наследство.

Ќе биде отворен вечер од 20 часот со документарниот филм „Очите на Фотографката“ во режија на Матеј Минач, добитник на околу 70 интернационални награди. Филмот е чешко-словачка копродукција и е дел од годинашната програма на одбележување 100 години од основањето на Чехословачка.

Гостин на годинашниот фестивал ќе биде режисерот Денис Бојиќ од Босна и Херцеговина со својот филм „Лицата на Лафоре“. Задутре напладне тој ќе има трибина во Кинотеката за новите методи во светот на лекување на оваа тешка болест.

Организатор на фестивалот е „Топ ворлд“ – независна ТВ-продукција од Скопје и е поддржан од амбасадите на Чешка, Словачка, Словенија, Романија и Босна и Херцеговина. Влезот за посетители е слободен.

Би можело да ве интересира

Проекција на „Големиот сон“ од Себастијан Гроблер во Кинотека

„Северен пол“ и „Мобил фестивал“ дел од декемвриската програма во Кинотека

Документарците на Горан Радовановиќ за Душан Макавеев и Петер Хандке на филмската програма на Кинотека

Недела на албански филм од 21 до 26 октомври во Кинотека

Недела на современ јапонски филм од утре во Кинотека

Наум Локоски