„Топол културен бран“ од 20 август во втора фаза

Од:

Од 20-ти до 31 август ќе се реализира втората фаза од шестото издание на манифестацијата „Топол културен бран“, чија цел е дисперзија на културните содржини низ градовите во Македонија.

Министерството за култура соопшти дека повеќе од 50 настани од сите дејности на културата ќе бидат одржани во 29 општини. Ќе има целовечерни концерти на фолклорни и хорски ансамбли, театарски претстави, ликовни изложби, концерти на популарна и урбана музика, филмски вечери посветени на презентација на македонскиот игран филм и претстави за деца.

Првата фаза од „Топлиот културен бран“ се одржа од 20-ти до 31 јули, кога беа презентирани над педесет настани – претстави од репертоарот на националните театарски куќи, концерти на етногрупите „Синтезис“, „Љубојна“, настапи на Ансамблот „Танец“, презентација на неколку помали фолклорни друштва, проекции на филмови за деца и филмови од македонската продукција, рок-концерти, изложби на голем број млади ликовни уметници, поетски вечери…

– „Топол културен бран“ е само една од низата манифестации кои Министерството за култура традиционално ги поддржува во летниот период. Меѓу нив се Охридското, Скопското и Прилепското лето, Струшките вечери на поезијата, Балканскиот фолклорен фестивал, Галичката свадба, Фестивалот на античка драма „Стоби“, Офф-фест, Крушево-етноград, соопшти Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање