„Театроск“ оваа година настапуваше на „Зигет“ фестивалот, кој се одржа во Будимпешта.
„Театроск“ настапи со својот акт „Контрабас“ и го освои првото место од гласањето на публиката на интернационалниот натпревар за живи статуи кој беше дел од овој фестивал.
„Со освојувањто на оваа награда, се пласиравме директно во светското првенство за живи статуи за 2019 година кое се одржува во Архем, Холандија“, велат од „Театроск“.
Фестивалот „Зигет“ е најголемиот музички фестивал во Европа.
Здружението „Театроск“ од Скопје е единствено здружение во Македонија кое се занимава со пантомима и живи статуи.
„Долги години ја претставуваме Македонија на најреномираните интернационални улични уметнички фестивали ширум Европа“, додаваат од „Театроск“.