Нов фестивал „TASTE THE SOUTH” или вкуси го југот ќе се одржи во Гевгелија на 15-ти, 16-ти и 17-ти Септември.
Фестивалот „TASTE THE SOUTH” во Гевгелија е манифестација која ќе има за цел преку забавно-културни содржини да ги претстави локалните производители на храна и пијалаци пред домашните и интернационалните посетители.
Преку презентација на разновидни пивски, вински производители, производители на храна, занаетчии од Гевгелискиот крај и мал број на национални учесници, придружено со фантастична селекција на храна и деликатеси од локалните ресторани вклучени во проектот да се претстават вкусовите на Гевгелија.
Дополнително, анимација на посетителите со музика, базар на ракотворби, уметнички креации каде главен акцент ќе биде дадено на домашните уметници и музички изведувачи со цел да се поддржи и стимулира македонската култура и музичка сцена.