Во Чифте Амам вечер ќе биде претставен мултимедијалниот проект „The Birth of a Nation“, кој се состои од неколку видео проекции и претставува последно и најново видео остварување на авторката Тања Балаќ.
Минималистичкиот пристап е свесен избор, чија идеја е да го поттикне размислувањето кај публиката, не само за рефлексијата на светот која не опкружува самите, туку и за саморефлексијата на сопствената позиција во него.
– Со употреба на камерата како „окото на гледачот“ (Тања Балаќ, Cinewomen 2016), неслучајно ја позиционира бремената жена во центарот на сликата, каде бавното движење, квалитетот и тонот на осветлувањето, направен од страна на кинематографот, Атанас Велковски, функционираат заедно со цел да предизвикаат еден сликарски сензибилитет, не многу поразличен од онаа елеганција присутна во Фламанската мртва природа. Храбро наметнатата графичка слика исто така повикува на многу други канонични- иконични слики, нагласуваат кураторките на проектот Алесандра Чианети и Ани Јаел Кван (Англија), во предговорот на каталогот.
Изложбата ќе биде отворена до 10 овој месец, а видеопроекциите секојдневно ќе се одвиваат во термин од 19 до 21 часот.