„Светлината гори дупка во денот“ е роман на германскиот писател Вилхелм Генацино, што го објави издавачката куќа Блесок, во превод од германски на Елизабета Линднер.
Книгата е достапна во печатен и во електронски формат. Печатената книга е објавена со поддршка на Програмата за култура (2007 – 2013) на Европската унија и Министерството за култура на Република Македонија. Романот е објавен и како е-книга по цена од 61 денар, а може да се погледне и преземе на страницата на онлајн книжарницата на Блесок
Вилхелм Генацино е роден во 1943 година во Манхајм. По студиите по германистика, социологија и филозофија во Франкфурт на Мајна, работи како новинар и уредник во повеќе весници и списанија. Од 1971 започнува писателска дејност, кога ја основа и литературната агенција Literaturcop.
Помеѓу 1980-1986 година е уредник на литературниот весник Lesezeichen. Гостува како професор по литература на Универзитетот во Падеборн (1997/1998) и Франкфурт на Мајна (2005/2006). Во 2009-та добива еден семестар професура за поетика на универзитетот во Бамберг.
Од 2011 година е член на Берлинската академија на уметностите. Живее и работи во Франкфурт на Мајна. Автор е на повеќе романи, за кои има добиени повеќе награди за литература.