Стота изведба на претставата „Госпоѓа Министерка“ во МНТ

Од:

Претставата „Ѓоспоѓа Министерка“ вечер ќе ја има стотата изведба на сцената на Македонскиот народен театар. Од нејзината претпремиера на 27 март во 2009 година, досега претставата ја гледале 35.000 вљубеници во театарот.

Режисерката и копродуцент на претставата Наташа Поплавска на прес-конференција, по повод оваа јубилејна изведба, посочи дека е задоволна од соработката со Весна Петрушевска, која го толкува главниот лик, и за која наменски ја работела постановката, како и од актерската екипа, од вложената енергија и од посетеноста, која вели, „ја полни касата на МНТ“.

– Целата претстава придонесе за една нова нота во начинот на поставување и работење со актерите. Собравме одлична млада актерска екипа, свежа енергија која штотуку влезе во театарот. Актери со кои немам работено дотогаш и предизвик беше да се погоди ликот со она што го носи актерот во својот хабитус. Мислам дека ги погодив, освен во еден момент кога не решив три дена пред премиера да ги заменам ликовите на актерките кои ги толкуваат Анка и Дара, се потсетува Поплавска.

Театрологот и редовен прфесор на ФДУ Јелена Лужина осврнувајќи се на историјатот на претставата, потсети дека првата „Госпоѓа Министерка“ на сцената на МНТ ја донесе актерката Мери Бошкова, со само 29 години, во 1953 година. Претставата досега доживеала пет постановки, од кои во четири главната ролја ја играше Бошкова се до 1987 година, кога доживела 243 изведби, а со стоте од последнава петта постановка вкупно е играна 343 пати.

– Ако знаеме дека петата министерка во режија на Поплавска и со втората Живка Поповиќка, односно со Весна Петрушевска, е одиграна на 28 март 2009 година тогаш можеме да констатираме дека оваа министерка „вози“ со многу побрзо темпо, затоа што за 3 години и 10 месеци доживува стота изведба. Ако продолжи со ова темпо за час ќе биде и двестотата, бидејќи и онака Весна има намера да ја игра во следните 50 години, рече Лужина.
Според неа „Госпоѓа Министерка“ е битно место во нашата театарска меморија, култен текст во театарското паметење за чијашто отпорност на времето, пресудна заслуга имаат блескавите македонски актери, вклучувјајќи ги и од најмладите генерации.

Задоволство од досегашното живеење на претставата изразија и Петрушевска и Сашко Коцев, кој го толкува ликот на Чедо, оти велат, многу малку актери имаат чест да одиграат 100-та претстава, а тоа е особено ретко за млади уметници.

„Госпоѓа Министерка“, заедно со „Чорбаџи Теодос“ и „Сомнително лице“ се трите најизведувани досега претстави воопшто и важат за бренд. Праизведбата на пиесата од Бранислав Нушиќ се случи на сцената на Београдско народно позориште во 1929 година, а во октомври истата година премиерно е изведена и во Скопје.

Би можело да ве интересира

61. Драмски аматерски фестивал на Македонија ќе се одржи од 20 до 26 мај во Кочани

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска