Стефоска: Уште две институции не зеле јулска плата од колективниот договор

Од:

Министерката за култура Ирена Стефоска денеска посочи дека уште две институции не земале јулска плата, која е прва покачена плата согласно колективниот договор. Овој проблем, како што додаде, би требало да се реши денеска или утре.

Причина за ова доцнење, според министерката, е тоа што институциите и културните установи не подготвиле нови систематизации согласно колективниот договор.

-По последната информација што ја имам од службите во Министерството, уште две институции не ја земале јулската плата од сите други. Тоа е она првата согласно колективниот договор, покачените плати. Зошто беше доцнењето на платите, тоа ќе се реши денеска или утре, затоа што интерните акти речиси на сите институции со еден исклучок, не биле односно не беа подготвени како што треба иако институциите имале обврска и установите од културата до 31 март да подготват нови систематизации согласно колективниот договор, а од тука и нови решенија за работно место и за плата, рече Стефоска на прес-конференција во одговор на прашање.

Додаде дека исто така не било формирано и тело за следење на имплементација на колективниот договор, што е обврска на Синдикатите.

Според министерката, Министерството за култура не било доволно ажурно да ја заврши соодветно работата, но како што рече, по прво стапнување на должноста се зафатила за решавање на овој проблем.

-Како што и Министерството за култура не било поажурно институциите да си ја завршат тогаш работата за да дојде редовно и навремено исплаќање на платата, од мое стапнување, првиот минут кога стапнав на должност се зафативме со решавање на проблемот а тоа значеше има процедура систематизациите од установите мора д апоминат во Министерството за информатичко општество и администрација и потоа ние бидејќи од буџетот се даваат парите, уште еднаш службите правниот и финансискиот сектор ги проверуваше сите систематизации и решенија одделно и сите пропусти во соработка со институциите ги исправаше, рече таа.

Прашана дали ќе има казни за оние директори кои не ја спровеле систематизацијата на време, и поради тоа доцнела јулската плата, министерката рече дека санкциите не ги мотивираат луѓето, но тоа не значи дека нема да биде побарана одговорност.

-Лесно е со системот на казни и со санкции но јас долги години бев и член на бордот на Хелсиншки комитет за човекови права каде што согласно разлилните светски практики санкцијата веднаш не ги мотивира луѓето туку ги демотивира, што не значи дека нема да биде побарана одговорност од буквално треба од сите установи но ние се договоривме на состаноците дека ова што се случило со платите и е проблем во кој што сите засегнати страни биле вклучени, и не делувале, секој во својот сегмент на одговорноста понатаму нема да се случува, рече Стефоска.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање