Од 20 до 22 јуни со почеток од 18:30 до 23 часот ќе се одржи Интернационалниот фестивал за баскери и живи статуи „Статуафест и Баскеркараван“.
На фестивалот свое учество ќе земат светски познати артисти, баскери и живи статуи, од Шпанија, Германија, Украина, Венецуела, Хрватска, Србија и македонските професионални артисти.
За музичкиот дел се задолжени Тони Зен и ДЏ Бугимен, како и Онија Блузерите.
Фестивалот ќе се одржува на плоштад „Македонија“ и на улица „Македонија“ која води од плоштадот кон Мајка Тереза.
Главен покровител на фестивалот е Град Скопје.
Организатор на фестивалот е здружението на граѓани ТИМ ТЕАТРОС К од Скопје.