„Сонот на играчките“ – симфониски концерт за деца

Од:

„Сонот на играчките“ е насловен симфонискиот концерт за деца кој Македонската филхармонија ќе го изведе денеска од 11 часот. Ќе го водат двајца млади македонски диригенти – Виктор и Елена Митревски, кои се активни на европските музички сцени.
На концертот ќе има и аниматор, а ќе бидат изведени дела од Дебиси, Григ, Понкиели,
Моцарт, Бизе, Елгар.

„Сонот на играчките“ е музичка приказна за две деца, брат и сестра, кои сонуваат да станат славни диригенти, а во остварување на сонот им помага волшебник. Во улогите на двете деца се, всушност, диригентите Виктор и Елена.

– Во нарацијата концертот содржи многу хумор, како и едукативни елементи кои ќе им помогнат на
децата преку смеа да се запознаат со класичната музика, инструментите, како и улогата
на диригентот, информира Филхармонијата.

Би можело да ве интересира

Stefani & The Upper Room: Госпел концерт што носи порака на надеж и вера

А1он

„Без зборови“ – хуманитарен концерт на Македонската филхармонија за настраданите од Кочани

Македонска филхармонија доби поддршка од колегите од Белградска филхармонија

„Фанфари за еден пријател“ со виртуозната Селина От од Австрија

Португалската фадо дива, Мариза, доаѓа во Скопје!

А1он

„Имате ли ритам“ – концерт за деца на Македонската филхармонија