Со програма посветена на Конески почнува иницијативата за приклучување кон прославата на 2021 година, прогласена за Меѓународна година на мирот и довербата

Од:

Генералното собрание на Обединетите нации ја прогласи 2021 година за Меѓународна година на мирот и довербата со цел да ги мобилизира напорите на меѓународната заедница да се обезбеди траен мир, солидарност и хармонија.

Министерството за култура соопшти дека со Министерството за образование и наука почнуваат иницијатива за приклучување кон прославата на оваа Меѓународна година со програма посветена на еден од великаните на македонската култура, Блаже Конески, по повод стогодишнината од неговото раѓање.

Денот на кој се родил овој исклучителен културен деец, како што се посочува, е запишан и на листата на УНЕСКО за одбележување значајни јубилеи во светот во текот на 2021 година.

Оваа годишнина заслужува сите актери на културниот, академскиот и општествениот живот да ги мобилизираат своите креативни сили за достоинствено чествување на ликот и делото на Блаже Конески. Затоа, Министерството за култура и Министерството за образование и наука подготвуваат платформа за усогласување на различните настани што ќе се одвиваат на национално и на меѓународно ниво. Мирот и довербата се стожерите на поетската и на научната дејност на Блаже Конески. Неговото монументално дело ги инкарнира овие длабоко хуманистички идеали, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ