Со прилепскиот театар ќе го отвори фестивалот на изведувачки уметности „Екс Понто“ во Љубљана

Од:

Театарот „Војдан Чернодрински“ при ЦК „Марко Цепенков“ од Прилеп, вечерва со претставата „Швејк во втората светска војна“, во режија на Мартин Кочовски, ќе го отвори 21 издание на меѓународниот фестивал на изведувачки уметности „Екс Понто“ во Љубљана, Словенија.

Претставата ќе се одигра во Словенечкиот национален театар „Драма“ од 20 часот. Влезниците се речиси распродадени, а претставата на прилепскиот театар се најавува како моќна политичка сатира.

Во претставата играат: Илија Волчески, Владимир Ѓорѓијоски, Даниела Иваноска, Андон Јованоски, Гоце Јованоски, Славчо Јовев, Јасмина М. Станкоска, Наташа Наумоска, Бранислав Николов, Александар Степанулески, Александар Тодески, Пеце Трајкоски, Игор Трпче, Димитар Црцороски, Виолета Чакарова и Катерина Чакмакоска.

Сценографијата и костимите се на Јулијана Војкова Најман, кореографијата на Јована Василева, музиката на групата Фолтин.

На театарот ова ќе му биде трето гостување на овој престижен фестивал. На првото беше прикажана „Тапани во ноќта“ од Брехт, во режија на Мартин Кочовски, а потоа во 2011 година и „Кавкаскиот круг со креда“ исто од Брехт, во режија на Кочовски, која беше прогласена за најдобра претстава на фестивалот Екс понто.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Премиера на комедијата „Жени во црвено“ во Македонија

Кабаре – концерт за лажици и гитара на Раде Шербеџија и Ленка Удовички на фестивалот РУТА во Драмски театар

Јордан Симонов од МНТ најдобар актер на фестивалот „Албански театар во Македонија“

Предраг Петровиќ